Џенифер Анистон ќе посвои дете

Објавено на 18 март, 2013 во 16:58

Ѕвездата од “Пријатели”, Џенифер Анистон, која наскоро треба да се венча со Џастин Тирос, стравува дека нема да може да има деца по природен пат, па се подготвува да посвои едно по свадбата.

Актерката во последно време се повеќе се дружи со колешката Шарлиз Терон, која исто така го посвои момчето Џексон. Таа сака што повеќе да дознае за мајчинството за да биде подготвена за периодот кога ќе посвои дете.

Актерката наскоро треба да се венча во православна црква со нејзиниот свршеник, но сака тоа да го скрие од очите на јавноста зашто веќе има лошо искуство од претходната свадба со Бред Пит.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.