“Добро да е“ на Слaткаристика ќе добие видео запис!

Објавено на 6 јуни, 2013 во 15:05

Слаткаристика го започна снимањето на видео записот за новиот сингл со наслов “Добро да е!”

Песната со позитивна порака нашиот Хип-Хоп артист ја работеше на Хаус звукот од продуцентот Ивајо со кој најавуваат летен хит за сите уши.

“Што е многу чудно за другите, паметно и фино, а различно и поинакво за мене, ова е прва песна во која не пцујам”- изјави Слаткаристика

“Добро да е!” е нова, досега не издадена песна од Слаткаристика која ќе се промовира заедно со новиот видео запис кој го работи Томато продукција. Видеото опфаќа интересни ликови и ситуации и се снима неколку дена на различни локации. ТВ промоцијата ја очекуваме за 10тина дена, а спотот ќе има и своја интернет промоција на официјалниот Јутјуб канал на Слаткаристика и на неговата ФБ Фан страна.

За “Добро да е!”

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.