Темпераментните луѓе живеат подолго
Објавено на 26 септември, 2014 во 07:04
Кога следниот пат ќе ви дојде чувство да викнете на цел глас и да ги исфрлите лошите емоции и мисли од себе, направете го тоа со големо уживање, бидејќи на тој начин се продолжува животот, велат научниците.
Оние кои чуваат сè во себе имаат зголемен број на отчукувања на срцето што со текот на времето предизивкува висок крвен притисок и ги зголемува опасностите од кардиоваскуларни заболувања, па дури и од оштетување на бубрезите.
Најголем ризик имаат луѓето со одбранбено однесување, кои избегнуваат ризици и сè држат под контрола. Но, бидејќи заболуваат од строгата дисциплина, таа подеднакво може да им помогне во ревитализирање на организмот.
