Книга за викенд: „Илјада неверојатни сонца” од Калед Хосеини
Објавено на 4 април, 2015 во 07:32
Кабул, Авганистан. Време на немири и војни, страдања и згаснати огништа.
Потресна приказна за ужасите на војната, но и за страдањата на авганистанските жени пренесена преку ликовите на Маријам и Лејла. Суровата судбина ќе им ги вкрсти патиштата и ќе ги научи како заедно да се борат и да наоѓаат надеж и во безнадежните ситуации.
Нивната издржливост и храброст е сведоштво за силата на авганистанската жена и воопшто силата на човекот и желбата да се преживее, да се љуби, да се биде достоинствен и чесен.
„Никој не може да ги изброи месечините кои одблеснуваат на неговите покриви, или илјадниците неверојатни сонца што се кријат зад неговите ѕидови”.
„Илјада неверојатни сонца” е втор роман на Калед Хосеини, преведен на повеќе од 27 јазици.