(ВИДЕО) Во градови на северот на Италија, во снежна бура, падна снег и до 2 метри

Објавено на 5 јануари, 2021 во 11:18

sneg fin

5.01.2021

Европската метеоролошка служба соопшти дека рано во понеделникот, наврнало околу 2 метри снег во делови од алпскиот регион на северот на Италија, притоа блокирајќи ги патиштата и затрупувајќи автомобили и куќи..

Алпско-јадранското метеоролошко друштво соопшти дека снегот целосно ги блокирал влезовите на голем број на куќи и други стамбени објекти, а најмногу снег наврнало во малото село Сапада. Од италијанската противпожарна служба соопштија дека пожарникарите извеле повеќе од 100 операции за чистење на патиштата од снегот.

Во регионот Венето, противпожарната служба соопшти дека со помош на специјализирано возило било спасено едно семејство кое останало заглавено на оддалечено подрачје.

Метеоролошките служби прогнозираат дека и во текот на следните неколку дена ќе наврне голема количина на снег во регионот.

            

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.