Ненадејно почина жирафата Табого во Зоолошката градина Скопје

Објавено на 15 јануари, 2021 во 12:50

zirafa fin

15.01.2021

Ненадејно почина жирафата Табого во Зоолошката градина Скопје.

Зоолошка градина Скопје, вчера вечер ја извести јавноста дека ненадејно почина жирафата Табого.

„ Беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати. Но сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување“ – гласеше дел од објавата на Зоолошка градина Скопје.

Жирафата Табого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените животни за посителите, беше миленик на вработените. Роден е во Франкфурт на 09.12.2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11.2013 година.

„Сепак се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар“ – вели Ѓорѓи Галетановски, Директор на Зоолошка градина Скопје.

Но она што ги буни сите е тоа што пред да настапи смртта, Тобого не давал никакви знаци дека нешто не е во ред. Се хранел нормално и немал намален апетит.

Телото на Тобого ќе биде погребано во дворот на Зоолошката градина во Скопје.

Стефани Манева

#Зоолошкаградина #жирафа #Табого #Скопје #ЗооСкопје

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.