Германски кучиња дресирани да детектираат лица заразени со Ковид-19
05.02.2021
Германската ветеринарна клиника обучи кучиња да го надушкаат коронавирусот во човечка плунка со точност од 94 проценти.
Кучињата се учат да го надушкаат мирисот вирусот што доаѓа од клетките на заразени лица, објаснува Естер Шалке, ветеринар во школата за обука на кучиња на германските вооружени сили.
Агенциите наведуваат дека била спроведена студија при која кучињата душкале примероци од пациенти позитивни на коронавирусот и заклучиле дека можат да разликуваат заразени и здрави, како и асимптоматски и лица со симптоми.
Штефан Вајл, премиерот на Долна Саксонија, изјавува дека е импресиониран од студијата и повикува на испитување на изводливоста на овие проверки во секојдневниот живот пред да почнат кучињата да ја проверуваат, на пример, публиката на концертите.
И во Финска кучињата се обучени да надушкаат Ковид-19.
Овие кучиња веќе почнаа да душкаат патници на аеродромот Хелсинки-Ванта, како дел од пилот-проект, со вообичаените методи на тестирање веќе применети во воздушниот сообраќај.
Мите Јаначков