Мајли Сајрус планира три свадбени церемонии
Објавено на 4 ноември, 2012 во 14:57
Мајли Сајрус го сака својот дечко толку многу при што е возбудена поради венчавката и сака дури три церемонии за најважниот ден во нејзиниот живот.
Таа возбудено ја најави својата веридба и венчавка со својот сакан дечко уште во јуни. Младата глумица и пејачка смета дека својата огромна љубов треба да ја овековечи со брак.
Глумицата и пејачка Мајли, посакува три свадбени церемонии: Во Лос Анџелес, која ќе биде голема, гламурозна и луксузна, потоа една во нејзиното родно место Тенеси, САД и уште една во Мелбурн, Австралија од каде е нејзиното момче. Мајли планира да вложи милион долари во планирањето на својата свадбена церемонија која ќе се одржи наредната година.