Кои телефони не може да се прислушуваат?
Постојат неколку нивоа на прислушување на телефонот. Прислушувачот може да се постави на уредот или на ниво на телефонска линија, оперативен систем или самата програма, изјави за агенцијата „Прајм“ генералниот директор на „Дигиталната платформа“ Арсениј Шељцин.
Наједноставно е прислушувањето на ниво на телефон. Што се однесува до прислушувањето на самиот уред, според експертите, потребно е да се активираат телефонот и микрофонот. На ниво на оперативен систем, се подразбира дека е можно да се активира прислушувањето на кој било телефон без знаење на сопственикот.
Програмското ниво на прислушување е пристап преку апликации, на кои корисникот оставал информации при влегување на Интернет, кога користел камера, микрофон, некаков фајл или се допишувал. Експертот не ја исклучува можноста за прислушување и на интернет врските.
„Потребно е да користите докажани крипто телефони од мрежата и сопствени средства за комуникација, како што е конференциска конекција што е воспоставена на вашиот сервер и дава можност за разговор“, советува Шељчин.