Мајли Сајрус има ново момче
Популарната пејачка Мајли Сајрус (29) ја најде среќата со тапанарот Макс Моранд откако раскина со австралискиот пејач Коди Симпсон.
– Среќни се, музиката ги поврзува. Многу се дружат, а имаат и заеднички пријатели – рекол извор.
Имено, тој бил и во Мајами за време на снимањето на новогодишната емисија која Мајли ја водела со Пит Дејвидсон (28).
-Беше на бекстејџот со Мајли и Пит на новогодишните проби и го сними како се забавува со нив – додал друг извор.
Тие двајца се појавија заедно и во шоуто „Love Parade“ на Гучи во Холивуд, а уште тогаш почнаа шпекулациите за можна врска.
Пејачката за посебна пригода маѓепса во металик син фустан со реси во комбинација со жолти пердуви, а нејзиниот нов дечко облече бордо одело и џемпер со дезени. Судејќи по насмевките на нивните лица, тие биле многу добро расположени.