ВИДЕО: Даниел и Фифи го продолжуваат натпреварот на X – фактор
Даниел Кајмакоски од групата на Жељко Јоксимовиќ и Фифи како дел од дуото „H2O“ од групата на Кристина Ковач, го продолжуваат натпреварувањето.
Даниел ја отпеа „Чија си“ од нашата музичка легенда, Тоше Проески. Во изведбата тој беше оригинален, свој и за тоа беше пофален од жири комисијата. Единствено забелешка имаше од Кристина која рече дека „никој не може да ги пее песните на Тоше подобро од него, но се сложи дека изведбата на Даниел беше лична и успешна.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=J58asV6UBoE{/youtube}
Неговиот ментор, Жељко Јоксимовиќ, при оценувањето, неколку пати повтори дека му дал шанса да пее на мајчин јазик, а Даниел композицијата ја изведе на српски јазик. Тоа предизвика лавина од реакции на Фејсбук па Јоксимовиќ јавно се извини и соопшти дека Даниел наскоро ќе пее на неговиот мајчин јазик, македонскиот.
Фифи, пак, заедно со Маринела Џогани ја раздвижија сцената, публиката и жирито. Оригинални и разиграни, придружени од танчери и визуелни ефекти, одлично ја изведоа „Monday morning“ од Фиона.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=PFIUY2XGOlA{/youtube}