Во петок, во Универзална сала: Зафир Хаџиманов и Хелена Благне
Евергрин ѕвездите Зафир Хаџиманов и Хелена Благне се странските гости кои ќе настапат на манифестацијата 50 години “Евергрин МК“ што ќе се одржи во петок во Универзалната сала со почеток во 20 часот.
Како што велат организаторите, Зафир ќе ги отпее двете негови евергрин композиции – “Љуби ме и главата горе“ на композиторот Глигор Копров и “Како Вардар“, каде што се јавува како изведувач и кант-автор.
Хелена Благне пред македонската публика ќе ја испее надалеку познатата “Кога те нема“ на композиторот Кире Костов.
Гала вечерта ќе ја збогатат уште многу интересни и звучни имиња и музички групи од македонската естрада, но тоа ќе биде изненадување за сите посетители на Универзалната сала.
Овие две евергрин имиња ќе дадат посебен белег и потврда на изборот на граѓаните, кои по пат на СМС – гласање или преку интернет страницата на магазинот Теа модерна, избраа ТОП 20 композиции, кои ќе бидат изведени во петок