Видео: Тони Зен и Нокаут – Исти!
„Исти“ е насловот на новата песна која раперот Тони Зен ја сними како најава за неговиот петти албум, со наслов „МикроСкопски организам“ што ќе излезе наредната година. Песната „Исти“ раперот ја сними во дует со групата Нокаут. Музиката што ја напиша продуцентот Фил Мано, ја доработи и измикса Бертан Арслан од БМА. Во подготовката на аранжманот се приклучија Пере и Франц од Нокаут кои внесоа нешто од нивниот стил. Текстот е дело на Тони Зен.
Спотот премиерно ќе се прикаже на MTV Aдриа во средината на октомври. Видео-записот е визуализација на Тони Зен, реализирана и продуцирана заедно со Мерт Арслан, односно БМА продукција.
Во овој проект беа вклучени многу статисти од различна религиска определба, боја на кожа и професија. Кореографијата е на Александра Никифоровска и актерот и пантомимичар Кирил Трајковски.
„Оваа песна е пред се моја лична порака до сите. Не станува збор за хип-хоп револуција, ниту пак револуција за некакви политички реформи. Ова е револуција на човештвото, ова е повик за единство. Време е за промени во светските рамки, па затоа треба и ние да се приклучиме. Мораме да разбереме дека се што е на планетата земја, но и надвор од неа, е меѓусебно поврзано и функционира како еден организам. Сите сме буквално исти и закачени за иста мрежа, каде што можностите се неограничени. Мрежата долго време е во чворови и од нас зависи дали ќе ги одврземе истите. Со оваа тема јас моето семе го засадувам и верувам дека здраво ќе порасне“, вели Тони Зен.
Погледнете го спотот:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=1Q3giEEuESk{/youtube}