Ријана со стриптиз на концертот во Лондон!

Објавено на 23 ноември, 2012 во 14:52

Ѕвездата од Барбадос Ријана, моментално е на својата „777“ турнеја, а во Лондон го одржа вториот концерт по ред и за публиката изведе секси танц по што остана само на градникот. Пејачката на сцената се појави во бел комплет, панталони и кошула, но понесена од музиката започна да се соблекува.

На нејзиното лице немаше многу траги од замор, иако турнејата „777“ е многу напрона затоа што Ријана ќе одржи 7 концерти во 7 града. Расположено и заводливо играше на сцената, ја заведуваше публиката и ја покачи температурата во салата во Лондон до максимум. Концертот во Лондон можеа да го гледаат сите во живо на познатиот видео портал Youtube.

И покрај тоа што пејачката одржа два спектакуларни концерти, таа најде време и да се појави во еден шопинг центар за што Дума.мк пред некое време ве информираше, каде ги запали Божиќните светилки и за тоа заработи половина милион долари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.