Ријана со стриптиз на концертот во Лондон!
Ѕвездата од Барбадос Ријана, моментално е на својата „777“ турнеја, а во Лондон го одржа вториот концерт по ред и за публиката изведе секси танц по што остана само на градникот. Пејачката на сцената се појави во бел комплет, панталони и кошула, но понесена од музиката започна да се соблекува.
На нејзиното лице немаше многу траги од замор, иако турнејата „777“ е многу напрона затоа што Ријана ќе одржи 7 концерти во 7 града. Расположено и заводливо играше на сцената, ја заведуваше публиката и ја покачи температурата во салата во Лондон до максимум. Концертот во Лондон можеа да го гледаат сите во живо на познатиот видео портал Youtube.
И покрај тоа што пејачката одржа два спектакуларни концерти, таа најде време и да се појави во еден шопинг центар за што Дума.мк пред некое време ве информираше, каде ги запали Божиќните светилки и за тоа заработи половина милион долари.