Слаткаристика го промовира новиот спот „За добро да е„

Објавено на 25 јуни, 2013 во 10:10

Вчера вечер, Слаткаристика го промовираше својот нов видео запис за песната “Добро да е”. На поинаков начин, во опуштена атмосфера со друштво и пиво, Слаткаристика ги покани сите што го очекуваа овој спот да му се придружат на муабет преку линк и заедно во живо да го погледнат новиот спот “Добро да е”.

Еден час пред ТВ промоцијата, Слаткаристика муабетеше, се забавуваше и одговараше на сите прашања од оние што го пратат, за потоа заедно да го изгледаат новото видео и на неговиот Јутјуб канал. На крај, пивата горе и сите си посакаа- За “Добро да е”.

Видеото е позитивен микс од локации и ликови кои во 4 минутна визуелна порака ја реализираше тимот на Томато продукција, а на огромоно задоволство на Слаткаристика во соработка со Ивајо оваа порака од вчера се слуша и по радио станиците.

Слаткаристика Ве кани на неговата официјална ФБ Фан страна каде преку веќе изработена апликација лично Ви посакува “Добро да е”, а ние исто така Ве оставаме во добро со неговиот нов видео запис. Уживајте…

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=t-SDgQvum7w{/youtube}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.