Украина ќе треба да плати 200.000 евра за лоша организација на Евровизија
Челниците на натпреварот за песна на Евровизија ја казнија Украина со 200.000 евра поради лоша организација на овогодинешното натпреварување во Киев.
Од Европската радиодифузиска унија (EBU) велат дека украинскиот радиодифузер UA:PBC треба да плати дебела казна заради сериозни кршења на правилата кои предизвикале непотребни тешкотии“, пренесе BBC.
Од EBU велат дека одлуката на Украина да забрани учество на рускиот претставник ја загрозила репутацијата на натпреварот. UA:PBC че се жали на казната, јави Reuters.
Организацијата на Евровизија пред натпреварот кој се одржа во мај се соочи со големи проблеми.
Повеќе од 20 важни членови на украинскиот тим поднесоа оставки во февруари, тврдејчи дека не им било дозволено да учествуваат во донесувањето одлуки во врска со натпреварувањето.
Проблеми настанаа и во финализирањето на договорите со изведувачите кои ја градеа бината.
Еден месец подоцна, на руската претставничка Јулија Самоилова и беше забрането учеството затоа што во една прилика „илегално“ го посетила Крим, влегувајќи директно од Русија место преку Украина.