Почина србскиот пејач Предраг Гојковиќ Цуне

Објавено на 21 јули, 2017 во 14:42

Српскиот пејач Предраг Гојковиќ Цуне почина денеска на возраст од 85 години, јави РТС.

Цуне е роден 1932 година. Тој пееше српски народни песни, староградски, севдалинки, забавни и мексикански песни.

Прекарот Цуне го доби, како што сам објасни во емисијата „Балканском улицом“ на Радио-телевизија Србија, по тоа што мајка му му велела „Оди да те мајка цуне“, или „Дојди да те бакне мама“.

Грамофонската плоча со песната „Кафу ми, драга, испеци“ издадена е 1962 годинa и достигна златeн тираж од 50 илјади примероци

Покрај многуте одржани концерти и телевизиски емисии пееше дует со Предраг Живковиќ Тозовац, Мирослав Илиќ и Лепа Лукиќ.

Во ноември 2015 година рече дека нема повеќе да пее и така ја заврши кариерата по повеќе од 50 години.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.