Тамара со нова песна – „Слобода“, слушнете ја
Објавено на 2 јуни, 2020 во 09:54
По феноменалниот европски успех на „PROUD“ и „MONSTERS“, Тамара се враќа на македонската музичка сцена со нејзината нова песна со наслов „Слобода“.
Текстот за песната го напиша Игор Џамбазов, музиката на Роберт Билбилов, а аранжманот на Дарко Димитров
„Слобода“ е инаку првиот македонски сингл, од престојниот, трет студиски албум на Тамара кој треба да излезе во јавност до крајот на летото. Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.
{vembed Y=Lk_3PhZePcQ}
