Новогодишна бајка: Ѕирнете во украсениот дом на Јелена Карлеуша (видео)
Без разлика дали ја сакате или не, српската пејачка Јелена Карлеуша знае да го привлече вниманието на јавноста со нејзиниот раскошен животен стил и маркантната појава.
Со оглед на тоа што божиќните празници се сѐ поблиску, ѕвездата го претвори својот топол дом во вистинска новогодишна бајка за неа и нејзините две ќерки – 14-годишната Атина и 13-годишната Ника.
Годинава, Карлеуша се одлучила за златно-бели декорации, а нејзината елка во дневната соба изгледа како оние што ги гледаме во домовите на светските ѕвезди. Под елката има големи бели ирваси, подароци во бели кутии и неколку бели ангели.
Исто така, пејачката го украсила и дворот со внимателно одбрани детали, а на нејзината улица во отмената белградска населба Дедиње владее вистинска празнична идила.
Во продолжение, погледнете ги видеоснимките коишто таа ги објави како стории на нејзиниот инстаграм-профил.
Дума.мк