Пронајдена порака во шише која патувала од Бахамите до Велика Британија дури 21 година
Еден човек додека се шетал на плажа пронашол зелено шише со порака што патувало од Бахамите до Велика Британија дури 21 година, објавија британските медиуми.
Криспин Бентон од Пенрин, Велика Британија минатата недела буквално не можел да си поверува на сопствените очи кога откако завршил со работа решил да се прошета долж блиската плажа и сосема случајно здогледал мистериозно шише.
Бентон за „Falmouth Packet“ откри дека откако сфатил дека има нешто во шишето со голема возбуда се обидел да го отвори и да ја прочита пораката.
-Имаше плима и изгледаше како шишето да беше штотуку исфрлено од морето. Го зедов и си помислив: „О, Боже мој, внатре има порака“, изјавил тој.
Пораката ја напишало 6-годишно девојче
Студент кој случајно се нашол на плажата го фотографирал Бентон и заедно го отвориле шишето.
-Тоа беше писмо од девојче од Канада. Писмото е во прекрасна состојба, шишето беше добро затворено. Навистина се измачив да ја извадам плутата“, рекол Бентон.
Во рачно напишаната порака од девојчето по име Ана, кое во 2001 година имала 6 години, напишала дека е од Канада и дека го замолува пронаоѓачот да ја контактира.
-Ве молам, не загадувајте. Ви благодарам“, напишало еколошки свесното девојка во пораката што ја испратила од Бахамите, каде што била на одмор во тоа време.
Но, за жал, адресата што ја напишало девојчето како контакт денес е индустриски комплекс. Тој сега се надева дека преку моќта на социјалните мрежи ќе успее да ја пронајде Ана, за да ѝ каже дека шишето конечно стигнало до некој.