Редок среќен момент од Украина: Неси чекаше 40 дена сопственикот да се врати во Буча (Видео)

Нема поголема среќа од онаа што ја чувствува кучето кога ќе се врати кај својот сопственик откако ќе бидат разделени некое време. Го почувствува куче од украинскиот Буча, град кој стана синоним за бруталноста на руската агресија, кој поради околностите беше одвоен од сопственикот. Се чинеше дека нема да се сретнат повторно, со оглед на ужасите што се случија во тој град. Но, навистина се случи чудо: таа преживеа, како и тој. И повторно се заедно.
Имено, кучката Неси по ослободувањето била пронајдена во украинската Буча. Таа талкала низ улиците, а кога ги видела војниците, не се плашела да им пријде. Несреќниот миленик се разделил од сопственикот неколку недели претходно. Оттогаш таа е сама. Војниците веднаш тргнале во потрага по нејзиниот сопственик, го известиле дека неговиот миленик е жив и здрав и договориле повторно средба.
Remember the dog in #Bucha who lost his owner? Good news: he found him! This dog sounds human! #dogsofukraine #StandWithUkraine #ArmUkraineNow pic.twitter.com/wjpRuBxKZD
— olexander scherba?? (@olex_scherba) April 5, 2022
Никој не знае што доживеала Неси во градот откако остана сама, но секако не било убаво. Но, бидејќи таа се врати кај својот пријател, сега сè грдо е зад неа.
Нивната средба беше трогателна и многумина коментираа дека е една од ретките убави приказни од Украина кои ни доаѓаат на сите овие денови.
