Ролинг Стоун: Ова е најдобрата серија на сите времиња
Кутното списание „Rolling Stone“ објави листа на стоте најдобри телевизиски серии во историјата, а на првото место се најде легендарната „The Sopranos“.
„Rolling Stone“ првата листа на најдобри серии ја објави во 2016 година, а со оглед на тоа дека ниту една таква листа не може да биде конечна, сега го објавија нејзиното ажурирано издание. Како и првиот пат, листата се базира на гласање на актери, продуценти, критичари и други луѓе од телевизиската индустрија.
На прво место, како и во 2016 година, се најде легендарната серија на „HBO“ – „The Sopranos“. Серијата се емитуваше на „HBO“ од 1999 до 2007 година.
Несомнено, Дејвид Чејс создаде дело што го промени лицето на телевизијата и ни го даде ликот на бесмртниот американски антихерој во мафијашкиот бос Тони Сопрано, кој менаџира тим гангстери, кои исто така глумат оштетени сопрузи и татковци, мажи кои се обидуваат да живеат со своите убиствени тајни и темни спомени од минатото.
По нив следат Хомер Симпсон и Волтер Вајт
На второ место е уште едно легендарно телевизиско семејство – „The Simpsons“, кое е во етерот веќе 33 години, што ја прави најдолготрајната телевизиска комедија во историјата. Третото место го зазеде „Breaking Bad“, приказна за професорот по хемија Волтер Вајт.
По нив следуваат „The Wire“, „Fleabag“, „Seinfeld“, „Mad Man“, „Cheers“, „Atlanta“, а најдобрите десет ги заокружува „The Mary Tyler Moore Show“.
Целата листа на 100-те најдобри серии во историјата можете да ја погледнете овде.