Што да направите доколку мобилниот телефон ви падне во вода?
Доколку мобилниот телефон ви падне во вода, битно е да се утврди дали водата навлегла во телефонот и стигнала до матичната плоча. Најпрво треба да го извадете мобилниот од маската и темелно да го избришете со сува крпа. Доколку можете извадете ја батеријата, картичките и оставете го да се суши но не на сонце.
Правило број еден е доколку можете веднаш да го однесете мобилниот на мајстор, но доколку немате таква можност еве неколку корисни методи:
Ориз
Оризот е добра идеја доколку телефонот не е целосно потопен во вода, а експертите велат дека инстант оризот е подобар од интегралниот. Ставете го во вреќа со ориз и оставете го најмалку 24 часа.
Фен
Најважно е да го исушите телефонот добро, ако не можете да се стигне до сите делови со крпа, па затоа вклучете го фенот за коса.
Правосмукалка
Правосмукалката суши многу подобро од фен за коса, па ако тоа ви се случи дома, веднаш вклучете ја и ќе помине низ сите делови на телефонот.
Песок за мачки
Кој има мачка пола работа ја завршил. Песокот има неверојатна моќ да апсорбира влага, затоа само потопете го.