„Симпсонови“ го предвиделе и патувањето на Бренсон во вселената

Објавено на 20 јули, 2021 во 09:37

Обожавателите на серијата „Симпсонови“ забележале дека сцената во една епизода од 2014 година има неверојатна сличност со реалноста откако билионерот Ричард Бренсон отиде до ивицата на вселената со бродот „Virgin Galactic“ на почетокот на оваа недела.

Епизода од 25-та сезона на анимираната комедија, насловена како „Војната на уметноста“, емитувана во 2014 година, го прикажува анимираниот Бренсон во вселената. Во сцената, тој се наведна назад и се восхитуваше на сликата додека лебди во одделот за нулта гравитација на вселенски брод, слично на неговото видео споделено оваа недела.

Бренсон ја основал Вирџин Галактик во 2004 година со цел да отвори вселенски летови за туристите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.