Спајдермен и Зендаја се селат во Лондон, заедно купиле куќа
Објавено на 31 јануари, 2022 во 11:59

Дваесет и пет годишниот Том Холанд и неговата филмска и животна сопатничка Зендаја заедно купиле куќа, пишува „Мирор“.
Имено, славниот пар ќе живее во јужен Лондон, во отмениот кварт Ричмонд.
Заедно заминаа за Британија од Л.А. Таму ги зеле клучевите од куќата и ги посетиле неговите родители. Тие ќе се вселат на крајот на летото по реновирањето.
Спајдермен и девојката заедно ќе ја средуваат куќата. Предвидено е големо реновирање. Нивниот луксузен дом ќе вклучува теретана, кино и „машка соба“, или соба на Спајдермен, во случајот на Том.
Инаку, Том Холанд веќе поседува стан во центарот на Лондон додека Зендаја има куќа вредна три милиони долари во Лос Анџелес.
