Успех на НАСА: Пронајде мала планета на која може да се живее
НАСА во орбитата на ѕвезда која е оддалечена само 100 светлосни години од нас, пронајде мала планета, која е слична на Земјата.
Ја нарекоа ТОИ 700е и веројатно станува збор за карпеста планета која е 5 отсто помала од Земјата. Ова е веќе четврта планета околу малата и ладна ѕвезда од М класа.
Откривањето на сите планети околу ТОИ 700 се должи на мисијата ТЕСС, која се занимава со лов на егзопланети. Како и 700д, планетата што ја открија во 2020 година, оваа се наоѓа во потенцијално погодна за населување зона, односно тие се доволно оддалечени од својата ѕвезда за водата да остане во течна форма. Што значи и дека тие би можеле, или некогаш можеле, да поддржуваат живот.
– Ова е само еден од неколкуте системи со повеќе мали планети во ‘зоната на животот’ за кои знаеме – рекла Емили Гилберт од НАСА и додала дека поради тоа системот ТОИ 700 е одличен кандидат за продолжување на истражувањето.
Дума.мк