Вино, пиво, жесток пијалак… Колку долго алкохолот се задржува во организмот?
Влијанието на алкохолот зависи од полот, возраста, метаболизмот, телесната тежина на оној што го пие, видот на алкохолот, од тоа што сте јаделе пред да пиете, но постојат рамки кои кажуваат колку долго треба да почекате пред да седнете зад воланот по бурната ноќ.
За жал, голем број луѓе кај нас и во светот страдаат поради сообраќајни несреќи во кои учествуваат возачи под дејство на алкохол. Многу возачи мислат дека се подготвени да возат половина час или час по пиењето, но тоа не е точно. Алкохолот долго останува во организмот.
Затоа, внимавајте со алкохолот, а особено со проценката кога можете да возите.
Британската организација за безбедност на патиштата Road Respect го анализирала консумирањето алкохол и способноста за возење, па издала препораки за тоа колку долго треба да се чека по пиењето, односно колку долго алкохолот останува во телото. Обидете се да се држите до овие совети, кои ги пренесува порталот RevijaHak.
Чаша вино (13,5 отсто алкохол)
Еден пијалак – 3,5 часа
Два пијалаци – 7 часа
Три пијалаци – 10,5 часа
Четири пијалаци – 14 часа
Пет пијалаци – 17,5 часа
Чаша жесток пијалак (40 осто алкохол)
Еден пијалак – 1,5 часа
Два пијалаци – 3 часа
Три пијалаци – 4,5 часа
Четири пијалаци – 6 часа
Пет пијалаци – 7,5 часа
Пиво (5 отсто алкохол)
Еден пијалак – 2,5 часа
Два пијалаци – 5 часа
Три пијалаци – 7,5 часа
Четири пијалaци – 10 часа
Пет пијалаци – 12,5 часа