Внуката на принцезата Дајана се омажи за 32 години постар милијардер
Објавено на 26 јули, 2021 во 13:23
Лејди Кити Спенсер, 30-годишната внука на покојната принцеза Дaјана вчера во Рим се омажи за јужноафриканскиот милијардер, 62-годишниот Мајкл Луис, пренесе Daily Mail.
Последната недела Кити ја помина во Италија во друштво на најдобрите пријателки за да се подготви за свадбата. Церемонијата се одржа во луксузната вила Aldobrandini.
Кити е во врска со 32-години постариот милијардер веќе 3 години, се свршија кон крајот на 2019 година. Пред врската со Мајкл, Кити беше во врска со уште постар човек кој во 2017 година ја остави поради романса со актерката Елизабет Харли.
Убавата внука на принцезата Дaјана, за најсреќниот ден во нејзиниот живот, блесна во шест фустани за свадбата, во креација на Dolce & Gabbana.