Во Шангај отворен највисокиот хотел во светот, во државна сопственост (ВИДЕО)

Објавено на 2 јули, 2021 во 11:38

Највисокиот хотел во светот беше отворен во Шангај на 19 јуни, а беше именуван како „J Hotel Shanghai Tower“.

Сместен е на надморска височина од 632 метри, во највисоката зграда во Кина. Има 165 луксузни соби, од кои 34 се апартмани.

Најскапиот стан се вика „Стан во Шангај“ и се простира на 380 квадратни метри. Покрај спалната соба, има и салон, работна соба, кујна, простор за физиотерапија и простор за облекување.

Најевтината ноќ чини 557 долари, додека ноќта во „стан во Шангај“ чини 10.467 долари. Има седум ресторани, а еден од нив се наоѓа на 120-от кат. Меѓу другото, во рестораните се служи јапонска и италијанска храна.

„J Hotel“  дел е од еден од најголемите кинески хотелски ланци наречен „Jin Jiang International“ . Ланецот е во сопственост на државната комисија за надзор и управување.

И покрај фактот дека пандемијата значително влијаеше на туризмот, ширум светот се одржува трка во тоа кој ќе го направи најдобриот и највисокиот хотел, пишува Си-Ен-Ен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.