Војници се венчаа на бојно поле во Украина, прв им честиташе Кличко

Објавено на 7 март, 2022 во 11:43
Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Дека љубовта е најсилното чувство кое нѐ води, зборува и одлуката на овој војнички пар од Украина кои решиле да се венчаат на бојното поле.

Лесија Ивашченко и Валери Филимонов се венчале во воени униформи со кои ја бранат својата татковина од руската инвазија. Двајцата се членови на 112-та бригада за територијална одбрана. На нивната венчавка гости биле нивните колеги, а ги венчал воен капетан.

Невестата до „олтарот“ била спроведена од нејзиниот командант, јавуваат украинските медиуми.

Сведоци им биле колегите од бригадата кои носеле бели рози во рацете за време на церемонијата благодарение на која барем за момент заборавиле на ужасите кои ги живеат изминатиов период.

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

На парот им честиташе и градоначалникот на Киев, Витали Кличко, кој иако немаше многу време за славење, тие сепак наздравија со шампањ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.