Првиот број на Супермен пронајден на таван!

Објавено на 28 мај, 2013 во 10:30

Дејвид Гонзалес од гратчето Хофман во Минесота не ни знаел што му се наоѓа во таванот од неговата куќа, додека пред некое време не открил дека го поседува „Светиот грал“ за љубителите на стрипови -првиот број во кој дебитирал Супермен.

Стрипот од 1938 година се наоѓал во купот стари весници се додека Гонзалес не одлучил да ја реновира куќата, пренесува агенцијата Асошиетед прес.

Бидејќи проверил и заклучил дека стрипот многу вреди дошло и до првата расправија колку поделбата на парите. Имено тетката на неговата сопруга се јавила барајќи дел од заработката. Бидејќи се изнервирал, Гонзалес го истргнал стрипот од рацете на неименуваната госпоѓа при што ја искинал последната страница.

-“Не ме интересираат парите. Тоа е мој стрип и ако сакам можам и да го запалам“,и рекол на својата сопруга.

Кога ја контактирал њујоршката колекционерска куќа Komik Konekt, неговиот стрип ја добил оценката од 1,5 на скалата од 10.

Неодамна еден стрип кој исто така бил број еден со Супермен е продаден на аукција, со оценката 9 а заработката изнесуваше 2,1 милион долари.

Стрипот на Гонзалес сега се наоѓа на аукција и до вчера ја достигна бројката од 137 илјади долари. Гласањето ќе заврши на 11 јуни кога ќе биде позната конечната негова цена.

Половина од добиената сума ќе отиде кај него а половина на акционерската куќа.

-“Не сум алчен за пари, подобро ќе ги заработам“,заклучил Гонзалес.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.