Која е најмоќната жена во светот на модата ?
Жизел Бундхен, жената со најатрактивно тело во светот на моделите, повторно заслужи честитки: Форбс ја смести во листата на 100 те највлијателни жени на светот.
Најмоќниот модел на светот во 2013 година е Жизел Бундхен повторно, бидејќи таа титула ја понесе и минатата година. Излезе имено, ценетата листа на Форбс на 100 највлијателни жени а Жизел се најде на 95-то место.
Убавицата така се најде во високото друштво со сопственички, извршни директорки, политичарки и филантропистки. Не се само манекенските вештини заслужни за овој нејзин успех, туку и ангажманот при ОН, каде се залага за Програмата за заштита на околината.
Жизел е влијателна и поради своето огромно богатство, уште во 2011 година се најде прва на листата која се однесуваше на заработката на моделите а исто така таа и нејзиниот сопруг прогласени за пар кој најмногу заработува.
Останатите жени од другите подрачја во светот на модата кои се најдоа на оваа листа се: Сара Блејкли која го измисли Спанкс, дизајнерките Миучија Прада и Тори Бурч, потоа Розалија Мера која ја втемели Зара, дизајнерката Дијана вон Фурстенберг и уредничката на Вог,Ана Винтур.
