Буба претворена во топка!
Уметникот Ичван Нор ја изненади јавноста со уникатниот надреален дизајн на уметничкиот саем во Базел, пренесе Дејли мејл.Се чини дека со овој дизајн производителите на автомобили можат да ги нарушат законите на физиката.
Уметничката инкарнација на бубата на Фолксваген даде сосема ново значење на изразот „победа на гравитацијата“. Со гигантската скулптура на светложолт Фолксваген од 1953 година, педесетгодишниот уметник од Индонезија успеа автомобилот да го претвори во топка.
Уметникот Ичван Нор користеше делови од автомобилот и други материјали што ги комбинираше со полиестер и алуминиум за да го добие чудесниот ефект. Чудната скулптура сега е изложена во Хонконг.
Сферичниот автомобил беше претставен на саемот на уметност во Базел, изложбата на модерна уметност во Мајами а следната дестинација по Јапонија е Швајцарија.
Ова не е првпат уметникот да работи со популарната „Буба“. Пред ова, тој направи скултура во која Фолксвагенот го претвори во коцка./Н.Р
