Зошто е добро во лето да се биде сингл?
Во лето имаме повеќе шанси да привлечеме потенцијален партнер зашто на околината и изгледаме поатрактивно,се наведува во резултатите од новото истражување.
Во истражувањето,кое го спровело сајтот Match.com,анкетираните имале задача да се определат за една од понудените две слики – летни и зимски. Речиси 75 отсто од луѓето ја избрале сликата на лицето од спротивниот пол во летен амбиент.
Околу 70 отсто од нив навеле дека лицето од сликата им изгледа посреќно во летно издание а 50 отсто рекле дека изгледа поздраво а 40 отсто со самодоверба.
Ова истражување навистина има смисла зашто 50 отсто од луѓето се чувствува поатрактивно за време на летните месеци.
Ок, значи: се чувствуваме поубаво,плус околината не смета за поатрактивни – звучи како добар рецепт за летна шема?
