Телефонот поважен од саканата личност?

Објавено на 4 јуни, 2013 во 11:11

Најновото британско истражување открива дека повеќе време минуваме гледајќи во мобилниот телефон отколку во лицето на саканата личност.

Просечниот корисник во текот на денот околу два часа,поточно 119 минути го држи погледот закован за екранот на својот смартфон а на саканата личност и подарува само 97 минути внимание т.е третина од времето помалку.

 

Тоа се објаснува со можноста на извршување на голем број активности по пат на смартфон како што се сурфање на интернет(во просек 24 минути),консултирање на социјалните мрежи (16 минути) и слушање на музика (15 минути).Тука се уште и игрите (13 минути),телефонирање(11 минути) и праќање смс пораки и мејлови (девет минути).

Анкетата која ја спроведе компанијата за продажба на мобилни телефони O2, даде загрижувачки резултати:повеќе време минуваме во виртуелниот свет отколку во односот со лицата од непосредното опкружување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.