Како да станете оптимисти?

Објавено на 22 јуни, 2013 во 09:49

Веќе е докажано дека оптимистите имаат здрав кардиоваскуларен систем , подобро се борат со стресот и имаат помали шанси да добијат мозочен удар во однос на оние луѓе кои гледаат воглавном на „темната страна од животот“.  Но сепак , не е лесно секога да се има позитивен став.

Од друга страна, постојат неколку начини секојдневно да се чувствувате добро и да имате поголема верба и подобро утре. Еве неколку:

Бидете благодарни

Ако не сте благодарни за добрите работи кои ги имате во животот, никогаш нема да бидете задоволни. Направите попис на сето добро што ве опкружува, но немојте да ги занемарите оние работи кои иако се лоши имаат позитивно дејство на вашиот живот. Поради повеќето животни потешкотии вие станувате отпорни, мудри и силни за тоа што ве чека утре, а тоа е основата на оптимизмот.

Простете

Полесно е тоа да се каже, отколку да се научи. Сосема е неопходно да им простите на луѓето кои негативно влијаеле на вашиот живот. Најлесен начин да простете на некого е да сватите дека минатото е само минато и ништо повеќе.

Гледајте го тоа вака: личноста на која сеуште не и сте простиле,веројатно сака да го избрише минатото. Затоа помирете се со вашето минато за да не ви ја расипува сегашноста.

Претворете ја зависта и љубомората во енергија

Кога им завидувате на другите се повредувате самите себеси . Универзумот вам не ви должи ништо  затоа што некој е подобар од вас. Пренасочете ја енергијата која ја трошите од завист кон другите на изградба на вашата личност. Нека успехот на другите вам ви претставува мотивација да постигнете повеќе.

Вежбајте, хранете се здраво и бидете на сонце

Можеби овој совет е вообичаен, но, луѓето често се превидуваат. Важно е да бидете на отворено барем 15 минути дневни. Ако немате време за тоа, побарајте од  лекарот да ви препише додатоци во исхраната со Д витамин или светлосна терапија.

Ако не стигнувате на вежби секојдневно, користете ја секоја прилика да што повеќе се движите. На пример, качивајте се по скали на место со лифт, паркирајте го автомобилот што подалеку од работното место и сл.

Задолжително збогатете ја исхраната со зеленчук и овошје. Здравиот начин на живот сигурно ќе го поправи расположението  и ќе ве направи оптимисти.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.