Канцеларија за НЛО укината бидејќи не постои опасност!
Досиеа на британското Министерство за одбрана од кои неодамна е симната ознаката за тајност, расветлуваат зошто британската војска во 2009 година затворила канцеларијата за НЛО. Објаснувањето било дека и покрај зголемениот број на јавувања, скапиот проект не бил од никаква корист за одбрана на земјата.
Националната архива 5 години објавувала класифицирани фајлови на Министерството за одбрана за НЛО. Десеттиот и последен пакет фајлови ја покрива работата на канцеларијата за НЛО во двете последни години од нејзиното постоење од 2007 до 2009.
Во 25 фајлови напишани се детали за грабежи чии извршители се вонземјани,технички предлози за нивно уривање како и причината за укинување на канцеларијата за НЛО.
Меѓу 4400 страници од досието се наоѓа меморандум на тогашниот министер за одбрана Боби Ејнсворт во ноември 2009 во кој навел дека операциите НЛО „ трошат се поголеми ресурси а не произведуваат никакви резултати вредни за одбраната“.
За повеќе од 50 години ниту еден повик за НЛО не содржел нешто што би навестувало присуство на вонземјани или воена закана за Обединетото кралство,пишува во меморандумот.
