Подводен балет во количка!

Објавено на 23 јуни, 2013 во 09:24

Кога во 1996, Сју Oстин ја загубила подвижноста поради болест, започнала да тренира нуркање. Тоа ја инспирирало да направи филм за нуркањето во количка, пренесува Гардијан.

Нејзиното истражување на негативните перцепции што луѓето ги имаат кон инвалидските колички ја поттикна Сју да ги поврзе нуркањето и количката.

„Чувството на слобода и авантура што го дава нуркачката опрема е далеку од можностите на инвалидската количка. Се прашував дали може да се поврзат“, вели Сју. Во 2010-та таа успеа да ја оствари идејата со помош на Англискиот совет за уметност.

Нејзиното уживање во подводната авантура со количка е фотографирано и снимано на повеќе локации во Египет во соработка со нуркачкиот клуб „Камел“.

„ Нуркачката количка во целост го поддржува телото и има мотори што ми даваат силно чувство на движење. Можам да изведувам акробатски маневри што за многумина наликуваат на подводен балет“, изјави Сју.

Целта на нејзиниот проект е да им помогне на луѓето со инвалидност да го видат животот од поинаква перспектива и да го пронајдат чувството на движење и слобода./Н.Р

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.