Паровите кои се запознале преку интернет имаат поуспешни бракови!
Стапката на разводи кај паровите кои се запознале преку интернет е за 2 % пониска од оние парови кои се запознале во реалниот живот,покажало истражувањето на интернет страницата за запознавање eHarmony.
Во студијата учествувале 20.000 Американци кои се венчале во последните седум години а од кои 35% се запознале преку интернет.
За време на истражувањето,научниците го испитувале задоволството на брачните партнери. Се добило впечаток дека најсреќни се оние кои се венчале за соседот или школскиот другар. Полоши бракови имаат оние кои се венчаваат за колега од работа и парови кои се запознале на состанок на слепо.
Научниците заклучиле дека луѓето се запознаваат онлајн првенствено на места каде можат да поделат заеднички интереси кои и ги зближуваат. Освен тоа комуникацијата помеѓу овие парови е неспоредливо поопуштена и поотворена отколку што тоа е случај меѓу паровите во реалниот живот.
