Судбоносно “ДА„ и право на протест
Објавено на 26 јуни, 2013 во 12:31
Во средина на протестите во Турција двајца наставници го кажаа своето судбоносно ДА.
Бариш и Дерја Демичи се венчаа помеѓу илјадниците демонстранти на Таксим плоштадот, известува Си Ен Ен.
“Ние сме дел од ова движење од самиот почеток. Само заправме за да се венчаме. Сега ќе ја продолжиме борбата за заштита на нашата земја„ изјави Бариш.
Момчето и невестата свечено дотерани веднаш беа забележани од странските медиуми во толпата граѓани.
Турските протести започнаа пред околу еден месец против 10-годишното владеење на премиерот Реџеп Ердоган.
Л.С.
