Природен базен со медузи

Објавено на 27 јуни, 2013 во 13:52

Не сите медузи се пецкави и опасни, некои можат да бидат добри пријаели за пливање.

„Езерото на медузите“ се наоѓа на Еил Малк островот во Палау. Езерото е едно од најголемите атракции за нуркашите, зошто водата е преплавена со милиони златни медузи, кои пливаат хоризонтално по езерото следејќи го сонцето.

Се верува дека езерото е настанато со повлекување на морската вода. Златните медузи со текот на времето еволвирале и се разликуваат од нивните братучеди во соседите мориња. Тие не се опасни за човекот и не пецкаат како повеќето видови медузи. Тоа ги прави одлични меки пријатели за нуркачите во езерото.

Л.С.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.