Гарнитури за вашиот двор!

Објавено на 10 јули, 2013 во 08:22

Дојде летото и сите почнаа да ги средуваат своите дворови. И вие се одлучивте да го средите за да можете да уживате на сончевите зраци?

Меѓутоа изборот на гарнитура за во градина и не е баш лесна работа. Пронајдовме за вас совети како да изберете вистинска гарнитура која ќе одговара на просторот во кој сакате да ја сместите.

Можете да изберете гарнитура од дрво,метал,ковано железо,пластика и други вештачки материјали. Материјалот бирајте го зависно од тоа каде ќе стои гарнитурата и дали ќе биде изложена на надворешни влијанија.

Исто така треба да изберете и форма на масата. Најдобро би било да изберете маса во форма на квадрат или правоаголник,бидејќи најлесно неа ќе ја сместите. Обрнете внимание на бојата. Усогласете ја со елементи кои се наоѓаат во околината. Градинарската гарнитура треба да ја вклопите во постоечкиот простор.

Обратете внимание на средување на вашиот двор,балкон или тераса,бидејќи овде ќе поминувате најмногу време.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.