Како да се победи во расправијата со партнерот?
Никој не сака да се расправа но ако веќе сте се нашле во некоја расправија ,особено ако е во прашање вашиот партнер,тогаш барем потрудете се да победите. Пронајдовме за вас совети како да победите во расправијата со партнерот.
Прво расправете сама со себе. Подгответе аргументи со кои својот сакан ќе го уверите дека баш вие сте во право. Замолете го да ве сослуша до крај и изнесете ги сите аргументи кои ги имате.
Бирајте зборови со кои ќе се расправате. Понекогаш во караница изговараме нешто поради кое подоцна би можеле да се каеме. Меѓутоа немојте премногу да се извинувате бидејќи вашиот сакан може да помисли дека сте слаби и би можел да најде многу аргументи против вас.
За време на караницата обидете се да останете смирени. Немојте да го покачувате тонот без преголема потреба. Доколку вашиот сакан гледа дека сте смирени и сталожени и дека со вас може нормално да се разговара.
Доколку сте имале напорен ден и после тоа цел куп обврски,обидете се да ја одложете расправијата за некое друго време. Можеби за тоа време работите малку ќе се смират и ќе успеете да се смирите без караница.
Обидете се да најдете компромис. Нешто за што и двајцата ќе се сложите и нешто што на двајцата ќе ви одговара. Доколку пак не можете да пронајдете компромис,размислете некое време,па можеби ќе дојдете до заедничко решение на проблемите.
