Зошто пиратите го покриваат едното око?

Објавено на 22 септември, 2014 во 07:34

Во филмовите, приказните и на вистинските фотографии, поголемиот број пирати имаат прекриено едно око.

Многумина помислиле дека тоа е затоа што пиратите немаат едно око, но вистината е друга, тие намерно го прекриваат окото. Џим Шиди, режисер за визуелни науки и директор на Vision Performance

Институтот во Орегон, вели дека очите брзо се привикнуваат при премин од темно на светло, а студиите покажале дека се потребни до 25 минути окото да се прилагоди на преминот од светлост во темница. Бидејќи пиратите постојано се движат од светло во мрак и обратно, едното око го држат прекриено. Тоа е навикнато на темницата и пиратот без проблем може да гледа и да се движи. Кога ќе се симне под палубата, само го преместува крпчето од едното око на другото и може лесно да гледа. За жал, не постојат записи кој прв го вовел ова пиратско правило.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.