Зошто пиратите го покриваат едното око?
Во филмовите, приказните и на вистинските фотографии, поголемиот број пирати имаат прекриено едно око.
Многумина помислиле дека тоа е затоа што пиратите немаат едно око, но вистината е друга, тие намерно го прекриваат окото. Џим Шиди, режисер за визуелни науки и директор на Vision Performance
Институтот во Орегон, вели дека очите брзо се привикнуваат при премин од темно на светло, а студиите покажале дека се потребни до 25 минути окото да се прилагоди на преминот од светлост во темница. Бидејќи пиратите постојано се движат од светло во мрак и обратно, едното око го држат прекриено. Тоа е навикнато на темницата и пиратот без проблем може да гледа и да се движи. Кога ќе се симне под палубата, само го преместува крпчето од едното око на другото и може лесно да гледа. За жал, не постојат записи кој прв го вовел ова пиратско правило.