(ВИДЕО) Тунелот „Фемарнбелт“, најдолгиот подводен, сепак ќе почне да се гради
6.11.2020
По бројни неизвесности германскиот суд даде зелено светло за изградбата на тунелот „Фемарнбелт“ кој ќе ги поврзе Данска и Германија преку Балтичко Море.
Тунелот ќе се спушти до 40 метри под Балтичкото Море и ќе биде отворен во 2029 година.
Тунелот е долг 18 километри. Тој е еден од најголемите европски инфраструктурни проекти и ќе чини над седум милијарди евра.
„Фемарнбелт“ ќе помине низ појасот Фемарн, теснец помеѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд што е проектиран како алтернатива на сегашната траект линија од Родби и Путгарден. Линијата ја користат милиони патници годишно.
Сега возењето со траектот трае 45 минути додека со изградбата на тунелот, ќе бидат потребни седум минути со воз и 10 минути со автомобил за патување на патниците од една во друга земја.
{vembed Y=PpIkuOrJlF4}