Кои се најзелени градови во светот?

Објавено на 20 јануари, 2021 во 09:18

pg3bUC2rhO najzeleni na svetot 5 turbomoderni gradovi koi ziveat vo harmonija so prirodata

20.01.2021

Употребувањето на обновливите извори на енергија и хидроенергии допринесува градовите да бидат чисти, но и модерни и градови во кои се негува природата.

Овие пет градови се големи и значајни во своите земји. Сите тие имаат различна архитектура, модерни градби, но сето тоа што го имаат е направено во состав со природата.

Копенхаген

Данската престолнина во текот на годините освојуваше многу награди поврзани со екологијата, што во однос на тоа прашање веќе стана „здодевна“. Меѓутоа, со својата прекрасна велосипедска инфраструктура и можност за пливање тешко е некој да не биде фасциниран. Таму има доволно зеленила, така што Копенхаген во целост е град по човековите мерки.

Ванкувер

Веднаш покрај Тихи океан и дивите планини, се сместил овој канадски град кој што има природна вредност кога станува збор за одржливоста. Употребувањето на обновливите извори на енергија и хидроенергии во овој град допринеле воздухот да биде многу чист. Најимпресивниот парк кој што се наоѓа таму е „Stanley park“.

Амстердам

Овој град одамна е симбол за велосипедистите, „прошаран“ е и со канали, па не треба да ве чуди што е еден од најзелените градови на светот. Таму треба да го посетите некогашното седиште на индустријата „Amsterdam Noord“ и да се опуштите покрај водата или пак да ги истражите руралните нешта, уникатните ресторани, библиотеки и кафулиња.

Сингапур

Иако некогаш го поврзуваат со прекрасните облакодери и екстремната чистотија, Сингапур е најзелениот азиски град. Тој нашол начин за иновации основани врз база на екологијата. Па, така за локалното население градините на крововите од зградите станале начин на живот.

Рејкјавик

Рејкјавик е прекрасен пример за град кој ги користи обновливите извори на енергија. Топлата вода, греењето, електричната енергија доаѓаат од хидроенергијата и геотермалните извори. Преносно – тоа значи дека може да уживате во топлите извори, топлите надворешни базени како и чистиот воздух.             

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.