Ново чудо: Во Дубаи ќе се гради футуристички облакодер кој ќе може да создава електрична енергија

Објавено на 25 јануари, 2021 во 10:19

828617 dubai ke gradi novo chudo oblakoder koj ke sozdava elektrichna energija

25.01.2021

Дубаи може да добие облакодер со футуристички дизајн, благодарение на концепт кој го креирал турскиот архитект Хајри Атак. Тоа е облакодер дизајниран така што може да се врти додека дува ветер.

Концептот неодамна е презентиран на интернет на социјалните мрежи. Дизајнот е инспириран од ветротурбини, а за разлика од стандарните облакодери кои се спротивствуваат на силата на ветерот, оваа кула ќе го користи за вртење.

Облакодерот се состои од три сегменти, дизајнирани полека да ес вртат при одредена брзина . Сегментите се вртат околу централната оска, а ќе ги поврзуваат голем број на тунели.

За една ротација се потребни 48 часа со или без ветер, а како и сите други ротирачки ресторани, кулата би можела да овозможи целосен поглед на Дубаи.

Кулата би се вртела и без ветер, и во тој процес би создавала електрична енергија. Би имал и хелиодром на врвот.

Кога ќе почне изградбата, засега не е познато.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.