Едно истражување покажува дека келавите мажи се поинтелегентни и подоминантни
26.01.2021
Статистичките податоци покажуваат дека до 35-та година од животот, околу 66 отсто од мажите губат голем дел од својата коса, а до 55 години 85 отсто од мажите пак имаат значително опаѓање на косата. Под значително опаѓање на косата, всушност се мисли на келав маж.
Поголем дел од мажите се срамат од тој факт, но нема срам да се биде келав. Нема ни корист да се борите против тоа ако ви опаѓа косата. Она што е позитивна страна да се биде келав, е пред се не одењето на фризер и замислете колку пари би заштедиле на тоа.
Иако поголем дел од мажите келавоста ја доживуваат негативно, Д-р Франк Мускарела од Универзитетот Бери во Флорида направи кратко истражување. И погодете што?
Да се биде келав е всушност најдобрата работа која може да ви се случи, бидејќи келавите мажи, жените ги доживуваат како поинтелегентни, подоминантни и многу посекси од мажите кои имаат коса. Особина која исто така жените ја препознаваат кај мажите кои се келави е искреноста и доминантноста.
Во случај да се прашувате дали повеќе сакате да бидете убаво момче со долга коса или пак сакате да бидете згоден, доминантен и високоинтелегентен маж но келав… мислам дека одговорот е јасен.
https://www.youtube.com/watch?v=P5mtclwloEQ
#Истражување #Мажи #КелавМаж #Интелегентен #Доминантен